БРИТАНСКИОТ АКТЕР АЛБЕРТ ФИНИ ПОЧИНА НА 82 ГОДИНИ

    БРИТАНСКИОТ АКТЕР АЛБЕРТ ФИНИ ПОЧИНА НА 82 ГОДИНИАлберт Фини пет пати беше номиниран за Оскар, но не успеа да го освои (Фото: Гети)

    Прославениот британски актер Алберт Фини почина на 82 години по кусо боледување, објави неговото семејство.

    Фини важеше за еден од водечките британски шекспиријански актери, а во речиси шестдецениската филмска кариера пет пати беше номиниран за Оскар, но не успеа да го освои. Првпат беше номиниран во 1964 година за главната улога во „Том Џонс“, а последната шанса ја имаше во 2001 за споредна улога во „Ерин Брокович“. Трипати беше награден со Златен глобус и еднаш со Еми.

    Пошироката публика особено го памети по улогата на детективот Еркул Поаро во оригиналната верзија на „Убиство во Ориент експрес“ од 1974 година, а последниот филм го сними во 2012, кога се појави во „Скајфол“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари