ДЕБИТО НА РИСТЕСКИ „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ МЕЃУ ОСУМТЕ КОНКУРЕНТИ ЗА 10.000 ЕВРА НА ФИЛМСКИОТ МАРКЕТ ВО КАРЛОВИ ВАРИ

    ДЕБИТО НА РИСТЕСКИ „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ МЕЃУ ОСУМТЕ КОНКУРЕНТИ ЗА 10.000 ЕВРА НА ФИЛМСКИОТ МАРКЕТ ВО КАРЛОВИ ВАРИ„Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески е избран во индустриската програма Дела во развој (Works in progress) на филмскот маркет во рамките на фестивалот во Карлови Вари, а осумте избрани проекти конкурираат за награда од 10.0000 евра. (Фото: Продукција Вертиго висуал)

    „Снежана на крајот умира“, дебито на режисерот Кристијан Ристески што е во постпродукција, е меѓу 8-те филмови што ќе се прикажат пред професионалци од филмската индустија на дводневната програма Дела во развој (Works in progress) на филмскот маркет во рамките на фестивалот во Карлови Вари, Чешка. Програмата трае од денеска до 8 јули, а осумте избрани проекти конкурираат за награда од 10.0000 евра.

    „Голема е честа, но и одговорноста проектот да биде претставен пред кремот на европската филмска индустрија, на фестивал од А категорија“, велат од продукцијата на филмот.

    „Снежана на крајот умира“ беше поддржан од Агенцијата за филм во вториот рок за одлучување на конкурсот во 2016 со 12.300.000 денари (околу 200.000 евра), продукција е на „Вертиго висуал“, а продуцент е Дарко Попов.  Играат Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Денис Абдула, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

    По сценарио на Ристески, филмот раскажува за седум луѓе кои живеат во време кога се во конфликт со нивните вредности.

    „Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен џанки. Маја е волк самотник, не комуницира очи в очи со луѓе, а Игор е риба надвор од вода, има Аспергер синдром. Иако е би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детството, маалска екипа која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизација на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи“, велат за приказната од продукцијата на филмот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира