ДЕЛАТА ОД СКУЛПТОРСКИТЕ РАБОТИЛНИЦИ ОД 2020 И 2021 УШТЕ НЕ СЕ ПОСТАВЕНИ ВО ВЕЛЕС

    ДЕЛАТА  ОД СКУЛПТОРСКИТЕ РАБОТИЛНИЦИ ОД 2020 И 2021 УШТЕ НЕ СЕ ПОСТАВЕНИ ВО ВЕЛЕСОд работолницита во 2021, поставени се само 4 скулптури. (Фото: СДК.МК)

    Иако минаа скоро три години, сѐ уште не се поставени две од делата, за разлика од останатите четири од скулпторската работилница одржана летото 2020 година во Велес. Едната е скулптурата „Емаптија“ на авторот Иван Ковачалиев од Бугарија, а втората е „Изолација“ на велешанецот Ангел Коруновски, посветена на жртвите од ковид пандемијата и е заштитна маска. И двете се изработени од метал.

    „За скулптурата ‘Емпатија’ од Иван Ковачалиев од Бугарија што треба да се постави во паркот кај Автобуската станица веќе е направена стопата на која треба да се постави и ќе се постави во најкус можен рок. Скулптурата ‘Изолација’ од Ангел Коруновски согласно Мислењето од Секторот за урбанизам требаше да се постави во паркот во ООУ ‘Васил Главинов’. Подоцна е утврдено дека освен што ќе треба да се постави бетонска подлога која ќе зафати голем дел од зеленилото, во тој дел се поставени прскачи со дополнителни елементи за нив , врз кои не може да се постави таа подлога. Исто така водата од околните прскачи секојдневно ќе ја уништува скулптурата, а тие не може да се дислоцираат затоа што се поврзани во систем. Оваа скулптура остана да се постави заедно со оние од 2021 “, ни рекоа од Општина Велес.

    Не се поставени ниту шесте скулптури од уметничката работилницата во 2021 кога се работеше со рециклирано железо, дела создадени од креативните раце на авторите. Исто толку беа изработени на работилницата лани, и двете одржани во Куќата на Касапови, како уметничко ателје.

    „Одборот за подигање на спомен- обележја на територија на Општина Велес чека позитивно мислење од Секторот за урбанизам за скулптурите од 2020 и 2021 година. Додека пак скулптурите од ланската работилница, кога ќе бидат готови исто така ќе треба Одборот за подигање на спомен- обележја на територија на Општина Велес да спроведе постапка за нивно поставување“, велат од Општината.

    Општина Велес со организацијата на скулпторски работилници и изработка на дела, во камен, мермер, железо и глина, го збогатува фондот на скулптори кои потоа го красат јавните површини во градот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира