ЏЕГЕР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, „РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ ВО АМСТЕРДАМ

    ЏЕГЕР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, „РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ ВО АМСТЕРДАМЏегер развил симптоми непосредно пред денешниот концерт (Фото: Шатерсток)

    Ролинг стоунс“ го откажа вечерашниот концерт во Амстердам откако Мик Џегер имал позитивен тест за коронавирус. Како што објави групата, 78-годишниот Џегер развил симптоми кога денеска дошол на арената „Јохан Кројф“, каде што требаше да се одржи концертот.

    Бендот се наоѓа среде европската стадионска турнеја „Шеесет“, со која ја одбележува својата 60-годишнина. Таа се состои од десет концерти, а следниот треба да биде в петок во Берн.

    „‘Ролинг стоунс‘ беше принуден да го откаже вечерашниот концерт во Амстердам откако Мик Џегер имаше позитивен тест. Длабоко се извинуваме за откажувањето. Концертот ќе биде презакажан“, објави групата, а и Џегер лично се извини на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира