ДИНА ДУМА ЌЕ ГО РАЗВИВА ВТОРИОТ ФИЛМ ВО ПРОГРАМАТА РЕЗИДЕНЦИЈА НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ДИНА ДУМА ЌЕ ГО РАЗВИВА ВТОРИОТ ФИЛМ ВО ПРОГРАМАТА РЕЗИДЕНЦИЈА НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛДума во Париз ќе го пишува сценариото за својот втор филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“. (Фото: Кански фестивал)

    Режисерката Дина Дума ќе го развива својот втор филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со помош на програмата Резиденција на Канскиот фестивал. Дума е меѓу шесте автори, од Филипини, Романија, Швајцарија, Словенија и Белгија, кои во текот на четири и пол месеци ќе добијат престој во Париз со грант за персонализирана помош за пишување на сценариото на нивниот прв или втор филм, објави Канскиот фестивал.

    Ова е 44. сесија на програмата која ќе се одвива од 1 март до 15 јули. Создадена во 2000 година, досега низ Резиденција минале над 200 автори од 60 земји, меѓу кои и Израелецот Надав Лапид, Либанката Надин Лабаки, Белгијанецот Лукас Донт, Мексинакецот Мишел Франко и Унгарецот Ласло Немес.

    Дебито на Дума „Сестри“, имаше светска преиера лани беше во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија. „Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира