ДИРЕКТОРОТ НА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РОМЕВСКИ Е СЦЕНАРИСТ НА ФИЛМОТ ШТО ДОБИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ОД ДРЖАВАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИРЕКТОРОТ НА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РОМЕВСКИ Е СЦЕНАРИСТ НА ФИЛМОТ ШТО ДОБИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ОД ДРЖАВАТА

    Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија Оливер Ромевски, како сценарист е дел од играниот филм кој доби 500 илјади евра од Агенцијата за филм на Македонија. Ромевски, чие уметничко име е Оливер Дел Рио, го напиша сценариото за долгометражниот филм „Најтешкото нешто“, што ќе го режира турскиот режисер со македонско државјанство Сердар Акар,  продуцент е „Сектор филм“, а на последниот конкурс ја доби највисоката поддршка од Агенцијата за филм.

    53-годишниот Акар е признат турски режисер наградуван за своите филмови на меѓународни фестивали во Анталија, Анкара, Истанбул, а особено е успешен пошироко во Европа со серијата „Збогум Румелија“ што се снимаше во Битола.

    Ромевски, кој директор стана како кадар на ГРОМ на Стевчо Јакимовски во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, вели дека сценариото, базирано на негов роман што треба допрва да излезе, нема врска со песната „Најтешкото нешто“ на починатата поп ѕвезда Тоше Проески, од истоимениот албум што излезе постхумно во 2009.

    „Сценариото нема никаква допирна точка со Тоше! Основата е од 1996. Продуцентот ги брка сите работи, јас му го дадов пред година и пол. Иако би сакал, договорот со издавачот не ми дозволува да зборувам сѐ до излегување на книгата“, изјави Ромевски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Неофицијално, филмот е приказна за татко што останал без син.

    Освен насловот, претпоставките дека филмот има врска со Тоше излегоа и од фактот дека Ромевски со поп ѕвездата соработувал во неколку наврати. Во 2002 Ромевски беше сценарист, режисер и продуцент на спотот за песната на  Тоше „Ако ме погледнеш во очи”, во 2005 беше автор на стрипот „Супер Тоше“ каде суперхерој беше поп ѕвездата,проект поддржан со државни пари. Во тоа време Ромевски најавуваше и дека Тоше ќе ја пее насловната тема во филмот „Ловец на души”, што по негово сценарио требаше да го режира Дениз Фатим од Германија, а главната улога наводно ќе ја играше Жан Клод ван Дам, но филмот не се сними.

    Ромевски, кој според резимето на веб страната на ГРОМ е магистер по меѓународни односи и дипломатија и е член на Извршниот одбор на партијата, е сопственик на продуцентската куќа „Дел Рио филмс“.

    На последниот конкурс на Агенцијата за филм чиј резултати излегоа на почетокот на месецов, за долгометражни играни филмови како дебитанти државни пари добија и режисерите Стојан Вујичиќ со 220 илјади евра за „Стела“, Кристијан Ристевски со 200 илјади евра за „Снежана на крајот умира“ и Игор Алексов со 250 илјади евра за „Лена и Владимир“.

    Македонија, преку продуцентската куќа на Лабина Митевска ќе биде копродуцент и во новиот филм на водечкиот турски режисер Нури Билге Џејлан „Дивата круша“ со 90 илјади евра. Македонија ќе учествува и во  филмовите што ги фининсира со малцински удел кај режисерите Иво Трајков за „Некрстени денови“ со 110 илјади евра, Мариса Никитиук за „Кога дрвјата паѓаат со 90 илјади евра, и Драган Бјелогрлиќ за „Чувари на формулата“ и „Бегство кон морето“ на Вељко Булаиќ со по 60 илјади евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира