ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ДОБИ СВОЈА ГАЛЕРИЈА, НА БУЛЕВАР ИЛИНДЕНСКА

    ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ДОБИ СВОЈА ГАЛЕРИЈА, НА БУЛЕВАР ИЛИНДЕНСКАДо оваа одлука за трајно решавање на просторот, ДЛУМ корсти канцеларија во Домот на АРМ во Скопје и плаќа надомест за своите изложбени активности. (Фото: ДЛУМ)

    Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), кои со години беа кираџии на разни простори, конечно ќе добијат своја галериски простор, кој се наоѓа на булеварот Илинденска.

    Министерството за култура соопшти дека на денешната седница, Влада донесе одлука за давање на трајно користење на простор на Здружението за афирмација на ликовното творештво, организација на ликовниот живот и збогатување на ликовната култура, Друштво на ликовните уметници на Македонија – Скопје.

    „Огромно е задоволството што успеавме да ја реализираме идејата ДЛУМ да го добие овој објект на атрактивна локација, со што правиме историски исчекор во зацврстување на статусот на најстарото еснафско уметничко здружени во земјава и создаваме услови за негово современо развивање и иднина. Искрено верувам дека во својот дом, по децениско талкање и барање соодветни услови за работа, бројните членови на ДЛУМ, наследници на основополжниците на ликовната уметност кај нас: Мартиновски, Личеноски, Димитар Андонов-Папрадишки, Поповиќ-Цицо, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Михајло Шојлев, ќе најдат нова инспирација за ново и возбудливо творештво. Верувам дека оваа куќа на ‘Илинденска’, ќе стане едно од централните места за афирмација на македонското современо ликовно творештво од каде што ќе се создадат нови дела кои далеку ќе ја афирмираат нашата култура“, вели министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    По формирањето во 1946 ДЛУМ го имаше салонот под Калето, галеријата во ГТЦ, и уште неколку обиди за вдомување како потстанари во разни објекти кои не ги исполнуваа условите за галерија. До оваа одлука за трајно решавање на просторот, ДЛУМ користи канцеларија во Домот на АРМ во Скопје и плаќа надомест за своите изложбени активности.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира