Со голема изложба на своите членови од основањето до денес, Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) утре ќе одбележи 75 години постоење. Јубилејот ќе се слави со поставки во два објекта на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), Чифте амам и Мала станица. Свеченото отворање е во 20 часот во Чифте амам, а истиот ден веќе ќе може да се посети и поставката во Мала станица.
„На изложбата ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автора, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па сѐ до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ“, вели организаторот на изложбата.
Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19-21:50 часот.