ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ СЛАВИ 75 ГОДИНИ СО ИЗЛОЖБА НА 292 АВТОРА ОД ОСНОВАЊЕТО ДО ДЕНЕС

    ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ СЛАВИ 75 ГОДИНИ СО ИЗЛОЖБА НА 292 АВТОРА ОД ОСНОВАЊЕТО ДО ДЕНЕСЈубилејот ќе се слави со поставки во два објекта на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), Чифте амам и Мала станица

    Со голема изложба на своите членови од основањето до денес, Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) утре  ќе одбележи 75 години постоење. Јубилејот ќе се слави со поставки во два објекта на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), Чифте амам и Мала станица. Свеченото отворање е во 20 часот во Чифте амам, а истиот ден веќе ќе може да се посети и поставката во Мала станица.

    „На изложбата ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автора, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па сѐ до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ“, вели организаторот на изложбата.

    Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19-21:50 часот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира