ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА ЕЛИТА СЕ СОБРА ВО ВЕНЕЦИЈА ЗА ПОДДРШКА ЗА ФИЛМСКИОТ БИЗНИС

    ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА ЕЛИТА СЕ СОБРА ВО ВЕНЕЦИЈА ЗА ПОДДРШКА ЗА ФИЛМСКИОТ БИЗНИСОскаровката Кејт Бланшет, како претседателка на жирито на Фестивалот, ѝ го врачи Златниот лав за животно дело на актерката Тилда Свинтон. (Фото: АП )

    Директорите на најголемите европски филмски фестивали се собраа на синоќешното отворање на Венецискиот фестивал, како знак на солидарност за индустријата која е силно погодена од пандемијата на ковид-19.

    Директорот на Канскиот фестивал, најголемиот во светот, заедно со колегите од Берлин, Ротердам, Сан Себастијан, Локарно, Карлови Вари и Лондон дојдова во Венеција за првиот меѓународен настан кој се одржува откако здравствената криза го затвори филмскиот свет.

    Австралиската актерка Кејт Бланшет, која е на чело на жирито, вели дека им дава поддршка на сите филмски работници кои мораа да ги завршат своите филмови во специфични услови.

    „Сметам дека е доста колегијално, како што никогаш не било досега, тоа што дојдоа толку многу директори на фестивали од целиот свет и на тој начин ги поддржуваат различните аспекти на истата индистрија“, рече оскаровката.

    Фестивалот се одржува под строг протокол, како задолжително носење маски, редовно ќе се мери телесната температура и секое второ седиште во кината ќе биде празно. Седиштата ќе мора однапред да се резервираат онлајн, публиката ќе мора да носи маска, а фановите нема да смеат да се доближат до црвениот тепих.

    Годинава 18 филмови се во трка за Златен лав, а фестивалот ќе трае до 12 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира