Постерот за годинешното 79. издание на Канскиот филмски фестивал е инспириран од „Телма и Луиз“, феминистичката класика на Ридли Скот со Сузан Сарандон и Џина Дејвис, премиерно прикажан во Кан пред 35 години, на 20 мај 1991. На црно-бела фотографија, двојката седи качена нивниот кабриолет „т-бирд“ од 1966, а се гледа и пиштол во задниот џеб на Телма.
Од фестивалот велат дека „овие две незаборавни борки ги сменија работите и разбија неколку родови стереотипи, и општествени и кинематографски; тие отелотворија апсолутна слобода и непоколебливо пријателство; го покажаа патот до еманципација кога тоа станува витално. Сеќавањето на ова денес значи славење на веќе поминатиот пат, без да се занемари она што сè уште претстои“.
Режисеро Ридли Скот, во филмот продуциран од студиото МГМ ги следеше пријателките Телма (Дејвис) и Луиз (Сарандон), кои тргнаа на пат откако Луиз го застрела човекот кој ја нападна Телма пред еден бар. Првиот женски и феминистички роуд муви се одмотува полека сè до славната последна сцена во Гранд Кањон.
„Телма и Луиз“ играше вон конкуренција за Златната палма во Кан, стана хит на благајните и доби шест номинации за Оскар, меѓу кои ја и наградата за најдобра актерка за двете главни улоги, а освои Оскар за најдобро оригинално сценарио за Кали Кури. Играа и Харви Кајтел, Мајкл Мадсен и Кристофер Мекдоналд, а со оваа почна и успонот на Бред Пит.
Канскиот филмски фестивал ќе се одржи од 12 до 23 мај.



