Македонската филхармонија заедно со хористи од хорови од Македонија и од Хрватска, денеска настапија на свечената литургија на папата Фрањо на Плоштадот Македонија во Скопје.
Музичарите и хоровите настапија под диригентство на Сашо Татарчевски и ја изведоа Миса ди Ангелис.
Директорот на Филхармонијата Виктор Илиески ни рече дека делото е избрано од протоколот на папата Фрањо, а дека хористите и Филхармонијата имале две проби. Аранжманите за оркестарот биле специјално направени од Дамир Имери.
Папата Фрањо денеска беше во историската прва посета на Македонија, а литургијата на плоштадот Македонија беше централниот настан.
Екипа на СДК.МК