ФИЛМОТ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА НА ТЕОНА МИТЕВСКА ДОБИ 600.000 ЕВРА НА КОНКУРСОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

    ФИЛМОТ ЗА МАЈКА ТЕРЕЗА НА ТЕОНА МИТЕВСКА ДОБИ 600.000 ЕВРА НА КОНКУРСОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМСедмиот игран филм на Митевска, по нејзино и сценарио на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ. (Фото: СДК.МК)

    „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона Митевска е единствениот долгометражен игран проект кој доби поддршка на Конкурсот во прв рок за 2023 на Агенцијата за филм. Седмиот игран филм на Митевска, по нејзино и сценарио на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, доби 37 милиони денари (околу 600.000 евра) и е во продукција на нејзината „Сестри и брат Митевски“.

    Лани, „Мајка“ беше меѓу 34-те избрани долгометражни филмски проекти од 32 земји што се претставија на еден од најголемите филмски маркети, на Берлинале, за да бара финансииери.

    Претходниот филм на Митевска „Најсреќниот човек на светот“ беше македонски кандидат за Оскар за 2023, влезе и во изборот за Европските филмски награди за годинава, а светската премиера беше лани на фестивалот во Венеција во програмата Хоризонти. Нејзиниот документарец „21 ден до крајот на светот“ ќе има светска премиера на Денови на авторите (или Венециски денови) следниот месец.

    На Конкурсот поддршка добија и 8 копродукции со македонско малцинско учество, меѓу нив и „Хатиџе и Шабан“ на косовскиот автор Висар Морина, чиј македонски копродуцент „Лист продукција“ доби 3 милиони денари (околу 50.000 евра), и „На сè ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ со копродуцентот „Веда филм продакшнс“ со 2,4 милиони денари (околу 40.000 евра). „Лист продукција“ доби и 3,3 милиони денари (околу 54.000 евра за краткиот „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, а „Стримон филм“ доби 3 милиони днари (50.000 евра) за краткиот „Балканска рута“ на Златко Калеников.

    Со по 2 милиони днеари (32.000 евра) поддржани се и два долгометражни документарци, „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска со „Смол мувс“ продукција, и „Вера и јас“ на Марија Џиџева со „Здружение кадар“. Лешниковска е авторка на првиот балкански Догма филм -„Боли ли“ во 2007.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира