ЃОРЃИ ЛИЧОВСКИ ОД САКАМДАКАЖАМ.МК ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА КАРНЕВАЛСКА ФОТОГРАФИЈА ОД СТРУМИЧКИОТ МУЗЕЈ

    ЃОРЃИ ЛИЧОВСКИ ОД САКАМДАКАЖАМ.МК ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА КАРНЕВАЛСКА ФОТОГРАФИЈА ОД СТРУМИЧКИОТ МУЗЕЈФотографијата „Замрзнатата девојка“ на фоторепортерот на САКАМДАКАЖА.МК Ѓорѓи Личовски, која стручното жири ја прогласи за најдобра што го отсликува Струмичкиот карневал

    Фоторепортерот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Ѓорги Личовски ја доби наградата за најдобра карневалска фотографија на конкурсот „Карневалски слики 2018“’ на Струмичкиот музеј. Стручното жири во состав Ристо Филчевски, карикатурист, Даниела Дончева, фотограф и Ѓорги Кончалиев, ликовен уметник, одучија фотографијата „Замрзнатата девојка“ да ја прогласат како најдобра со која се отсликува струмичкиот карневал.

    Награда од Организациониот одбор на струмичкиот карневал доби и Енес Исмаилов, за фотографии од маскенбалот и големото карневалско дефиле (наградената фотографија)

    На конкурсот пристигнале 127 авторски фотографии од 14 професионални и аматерски фоторепортери, од кои најдобрите 50-тина ќе бидат изложени на 7 март кога ќе започнат и свеченостите од годинашново издание на струмичкиот карневал. Награда од Организациониот одбор на струмичкиот карневал доби и Енес Исмаилов, за фотографии од маскенбалот и големото карневалско дефиле.

    Струмичкиот карневал симболично ќе започне на 6 март, кога карневалџиите ќе ја преземат власта на локално ниво со добивање на клучот, по што во наредните седум дена ќе следуваат повеќе концерти и забави под маски. Големото дефиле ќе биде на 9 март, а следниот ден ќе биде детскиот карневал. На 10 март почнуваат тримерските празнувања во Струмица, по што се организира и карневалот.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира