ХЕЛЕН МИРЕН ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА БЕРЛИНАЛЕ

    ХЕЛЕН МИРЕН ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА БЕРЛИНАЛЕЛегендарната британска актерка на неодамнешните Златни глобуси во Беверли Хилс. (Фото: Гети)

    Оскаровката Хелен Мирен ќе добие почесна Златна мечка за животно дело, на 70. издание на Берлинскиот филмски фестивал (20 февруари – 1 март). Во нејзина чест, на 27 февруари во Палатата на Берлинале, ќе се прикаже филмот „Кралицата“ од 2006, за кој го доби Оскарот за најдобра актерка.

    „Со децении, харизмата, изразот и стилот на Хелен Мирен се претставени преку голема плејада на жанрови. Мирен има силен карактер чии моќни претставувања се секогаш импресивни. Таа постојано и постојано изненадува, без разлика дали е Крис во ‘Девојки од календарот’ или кралицата Елизабета Втора во ‘Кралицата’, нејзината игра е парадигма на моќна жена. Затоа со огромно задоволство ѝ ја доделуваме почесната Златна мечка“, изјави Мариет Рисенбек, извршна директорка на Берлиналето.

    Покрај големиот број награди во богатата кариера во театар и филм, 74-годишната Мирен во 2007 доби и Златен глобус за улогата на кралицата, а има добиено и Тони и Оливие награди. Во 2003 доби орден дама од британската кралица.

    Претседател на жирито на годинашното јубилејно издание ќе биде британскиот оскаровец Џереми Ајронс.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари