ИМАМЕ КУЛТУРА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАКЦИНИТЕ – МИЛАНСКА СКАЛА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА СО 12-МИНУТНИ ОВАЦИИ ЗА „МАГБЕТ“

    ИМАМЕ КУЛТУРА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАКЦИНИТЕ – МИЛАНСКА СКАЛА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА СО 12-МИНУТНИ ОВАЦИИ ЗА „МАГБЕТ“Најголемата оперска певица на 21. век Ана Нетребко ја пееше Леди Магбет, а италијанскиот баритон Лука Салси беше Магбет. (Фото: Фејсбук)

    Дванаесетминутни овации синоќа го означија почетокот на новата оперска сезона на миланска Скала, со премиерата на „Магбет“ од Џузепе Верди. Стотици гости дојдоа на отворањето на најважниот настан за Милано, меѓу кои и претседателот Серџо Матарела, дизјанерот Џорџо Армани, и покрај тоа што четвртиот бран на ковид-19 повторно затвора културни институции во повеќе европски земји.

    Најголемата оперска певица на 21. век Ана Нетребко ја пееше Леди Магбет, а италијанскиот баритон Лука Салси беше Магбет.

    Иако дејството се случува во 11.век, режисерот Дејвид Ливермор го постави во модерен град, а современата интерптереција сепак предизивика неколку свирежи за време на изведбата.

    Претседателот Матарела со ќерката Лаура во почесната ложа на Скала. (Фото: АНСА)

    Италија уште во април ги отвори киносалите и театрите, но Владата во понеделникот го забрани влезот во повеќе објекти, меѓу кои и театрите, за невакцинираните против коронавирус.

    Агенцијата АНСА ја пренесе изјавата на претседателот на Ломбардија Атилио Фонтана, кој кажа дека културните установи се отворени „благодарение на вакцините“.

    „Бројките на инфекциите растат, но растот  забавува“, рече тој.

    „Кога ќе видам дека прекрасни тетари се затворени, како Државната опера во Виена, или пак тие во Минхен, Дрезден или Лајпциг, можам да кажам дека ние сме среќни. Годинава, отворањето на сезоната е чудо“, изјави уметничкиот директор на Ла Скала, Доминик Мијер.

    Рускиот сопран Нетребко како Леди Магбет. (Фото: Фејсбук)

    Публиката и оркестарот носеа заштитни маски, додека оперските пејачи се движеа со дистанца на сцената. Свечената вечера која вообичаена се одржува по изведбата, годинава веше откажана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира