ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, ТОНКИЦА МИТРОВСКА И ТРАЈЧЕ ВЕЛИЧКОВСКИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ЗЛАТНА РАМКА НА ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИ РАБОТНИЦИ

    ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ, ТОНКИЦА МИТРОВСКА И ТРАЈЧЕ ВЕЛИЧКОВСКИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ЗЛАТНА РАМКА НА ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИ РАБОТНИЦИЛауреатите, актерот Јовица Михајловски, графичарката Тонкица Митровска, и сценскиот работник Трајче Величковски. (Фото: ДФРМ)

    Aктерот Јовица Михајловски, графичарката Тонкица Митровска, и сценскиот работник Трајче Величковски се годинашни добитници на почесните награди од Друштвото на филмски работници (ДФРМ) за најдобар филмски автор, актер и филмски работник, како дел од фестивалот на македонски филм Златна рамка.

    „Тонкица Митровска е дипломиран графичар и претставува една од првите автори кои работат на анимиран филм во Македонија. Јовица Михајловски е еден од актерите кој има изиграно најмногу улоги во македонските филмови низ овие три децении. Величковски е човекот кој ја има најценетата позиција како сценски работник, односно техничко лице кое е во тесна соработка со директорите на фотографија. Во изминатата декада работи на најголемите македонски филмски проекти“, велат од фестивалот.

    Фестивалот се одржува по трет пат, годинава од 25 до 27 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ) и во Кинотеката, а почесните награди ќе им бидат врачени на официјална свеченост, в сабота, 26 јуни.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира