КНИГА ЗА БРИТАНСКИТЕ УМЕТНИЦИ ОД ЗБИРКАТА НА ОСТЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КНИГА ЗА БРИТАНСКИТЕ УМЕТНИЦИ ОД ЗБИРКАТА НА ОСТЕН

    Во годината кога Британскиот совет со повеќе активности ја одбележува својата 20-годишнина во Македонија, денес беше промовирана и публикацијата „Британските уметници од колекцијата на Остен“, која беше придружена и со мини изложба.

    Остен Музејот на цртеж поседува карикатури, цртежи и графики на повеќе од 120 уметници од Велика Британија, а збирката преку видеоводич на промоцијата ја претстави реномираната кураторка Џил Хедли, која ја води публиката од најраните дела што ги има Остен, од автори од 30-тите години на минатиот век како Хогарад, преку Бен Николсон, потоа авторите кои твореле во Втората светска војна, до таткото на британскиот поп арт, Ричард Хамилтон, како и до Хенри Мур и Бејкон, за да заврши со Хрст.

    Остен го промовираше и обемниот каталог за големата изложба Биенале на цртеж 2016, која ќе биде отворена утре во Чифте амам, и наградените уметници од Израел, Литванија, Србија и од Јапонија (Фото: СДК.МК)

    Остен го промовираше и обемниот каталог за големата изложба Биенале на цртеж 2016, која ќе биде отворена утре во Чифте амам, и наградените уметници од Израел, Литванија, Србија и од Јапонија (Фото: СДК.МК)

    Координаторот од Британскиот совет Жарко Конески потсети дека советот скоро 80 години собира уметнички дела, ракотворби и дизајн што се дел од уметничка збирка која има околу 9.000 дела што ги покрива сите медиуми и аспекти на британската уметност и дизајн на 20-от и 21-от век. Збирката нема постојана галерија и поради тоа се нарекува „Музеј без ѕидови“.

    Оваа публикација за британската колеција во Остен е издадена и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

    Покрај оваа публикација, Остен го промовираше и обемниот каталог за големата изложба Биенале на цртеж 2016, која ќе биде отворена утре во Чифте амам, кога ќе бидат врачени и наградите на уметниците кои се за овој настан гости на Остен, а доаѓаат од Израел, Литванија, Србија и од Јапонија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира