КОЛКУ СОВРШЕН ФИЛМ ЗА ОВОЈ МОМЕНТ, ВЕЛИ ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ЗА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“

    КОЛКУ СОВРШЕН ФИЛМ ЗА ОВОЈ МОМЕНТ, ВЕЛИ ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ЗА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“„Колку совршен филм за овој момент. 'Медена земја' е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, напиша Џејми Ли Кертис, најпозната по улогата во филмот „Ноќ на вештерките“. (Фото: Твитер)

    Холивудската ѕвезда Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер за македонскиот документарец „Медена земја“ напиша: „Колку совршен филм за овој момент. ‘Медена земја’ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“.

    61-годишната актерка, пистелка и активистка, најпозната по улогите во „Ноќ на вештерките“, „Вистински лаги“ и „Рибата наречена Ванда“, за своите улоги е седум пати номинирана за Златен глобус (го освои за „Вистински лаги“ во 1994), последен пат годинава за „Нож во грб“. Таа е ќерка на холивудските ѕвезди Џенет Ли и Тони Кертис, а повеќе пати била и презентерка на Оскарите.

    Освен  Кертис, лани во октомври преку својот профил на Инстаграм, пофални зборови за „Медена земја“ напиша и ѕвездата на ТВ-серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер.

    „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар, со што „Медена земја“ испиша историја. Престижните филмски награди ќе се доделат на 10 февруари во Холивуд.

    „Медена земја“ до крајот на месецов ќе се прикажува во Кинотеката, до Оскарите во киното Милениум,  проекции ќе има и во киното Синеплекс до 22 јануари, а повторно ќе игра и во кината низ Македонија

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира