МАЈК ЛИ СО ПОСЛЕДНИОТ ФИЛМ „НЕЖНА ТОПЛА ГРИЖА“ ТРИУМФИРАШЕ ВО САН СЕБАСТИЈАН

    МАЈК ЛИ СО ПОСЛЕДНИОТ ФИЛМ „НЕЖНА ТОПЛА ГРИЖА“ ТРИУМФИРАШЕ ВО САН СЕБАСТИЈАН„Нежна топла грижа“ освои Златна школка за најдобар филм како и за актер и за сценарио. (Фото: Вараети/ССИФФ)

    „Нежна топла грижа“, најновиот и наводно последен филм на 83-годишниот британски сценарист и режисер Мајк Ли, наводно бил одбиен за учество во главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција, но сепак доживеа триумф во Сан Себастијан, доминирајќи на церемонијата на доделување награди со три признанија во главната конкуренција, меѓу кои и Златната школка за најдобар филм.

    Жирито, предводено од американскиот режисер Ајра Сакс, беше толку воодушевено од оваа интимна драма за социјалната и семејната грижа, што му додели на Ли и втора награда – за најдобро сценарио. Воедно, Кејт О’Флин – која неодамна освои Еми за улогата во „Залив на вдовиците“ – е една од двете жени наградени со родово неутралната награда за најдобра главна улога. Ниту Ли, ниту О’Флин не присуствуваа на церемонијата, но и двајцата испратија видеопораки со благодарност: Ли, кој беше краток и јасен, го заврши своето обраќање со едноставното „ви благодарам, ви благодарам и многу љубов за сите“. О’Флин ја посвети наградата на Мерион Бејли, Пол Џесон и Алис Бејли Џонсон – нејзините тројца колеги од актерскиот квартет во кој сите имаат подеднакво важни улоги. Џесон и Бејли Џонсон ја примија наградата за сценарио во име на Ли, при што Џесон се осврна на „недоразбирањето“ дека филмовите на овој режисер се импровизирани, истакнувајќи ги „прецизноста, строгоста и целовитоста“ на процесот на снимање на Ли.

    Уште еден филм што освои повеќе награди беше импресивната рурална епска приказна „Растот на почвата“ на норвешкиот режисер Ханс Петер Моланд, кој неодамна беше избран како норвешки кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски игран филм. Главната актерка Аста Кама Аугуст, ќерка на филмскиот автор Бил Аугуст, ја подели наградата за најдобра главна улога со О’Флин. Оскар Далсбакен ја освои наградата за најдобар кинематографер. „Граница“, краток, впечатлив и сексуално експлицитен дебитантски филм на режисерот од Хонгконг, Ах Бјао, ја освои Специјалната награда на жирито за својата оригиналност и храброст. Шведската режисерка од етничкото малциснтво Сами, Аманда Кернел, ја доби наградата за најдобра режија за филмот „Подготви го срцето“.

    Наградата на публиката за најдобар филм – која, без никакво изненадување, отиде кај локалните миленици Хавиер Калво и Хавиер Амброси за нивната квир-епска приказна „Црното топче“ – беше доделена само една недела откако овој филм, кој предизвика вистинска сензација на меѓународните фестивали, ја освои и Наградата на публиката во Торонто. Втората награда на публиката, онаа за најдобар европски филм (во чија конкуренција веројатно не влегуваше главниот победник), им припадна на документаристите Јувал Абрахам и Рејчел Зор за „НАЗА“ – нивниот потресен приказ на израелските воени злосторства во Газа, филм што претходно овој месец ја освои и наградата на жирито во Венеција. Ова е втора година по ред како публиката во Сан Себастијан ја изразува својата солидарност со пропалестинското движење: минатата година, Наградата на публиката му припадна на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“ на режисерката Каутер Бен Ханија, кој подоцна беше номиниран и за Оскар.

    Гран при ФИПРЕСЦИ за филм на годината, годишна награда на Меѓународната федерација на филмски критичари, ја доби „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира