МСУ ЗА ПРВПАТ ЈА НОСИ ПОЛСКАТА КОЛЕКЦИЈА ВО ПОЛСКА, ЌЕ СЕ ИЗЛОЖИ И ОРИГИНАЛНАТА МАКЕТА НА ТАНГЕ ЗА СКОПЈЕ

    МСУ ЗА ПРВПАТ ЈА НОСИ ПОЛСКАТА КОЛЕКЦИЈА ВО ПОЛСКА, ЌЕ СЕ ИЗЛОЖИ И ОРИГИНАЛНАТА МАКЕТА НА ТАНГЕ ЗА СКОПЈЕОд основањето на Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје после земјотресот во 1963 и донацијата на полските автори составена од 212 дела од 134 автори, полската колекција на МСУ за првпат досега се изложува во земјата донатор (Фото:МСУ)

    Oригиналната макета за изгледот на постземјотресно Скопје на славниот јапонски архитект Кензо Танге е меѓу експонатите кои ќе се изложат вечерва во Меѓународниот културен центар во Краков, Полска на изложбата насловена„ Скопје Град, архитектура и уметност на солидарноста“.

    Од основањето на Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје после земјотресот во 1963 и донацијата на полските автори составена од 212 дела од 134 автори, полската колекција на МСУ за првпат досега се изложува во земјата донатор.

    Постерот за изложбата во Краков (Фото: МСУ )

    „Интересот за оваа селекција на дела започна пред неполни три години, кога и прелиминарно е направен еден преглед на делата од страна на стручни лица кустос и конзерватор од Полска во соработка со Амбасадата на Полска во Македонија, за да во 2018 кустосите од Интернационалниот културен центар во Краков, Моника Рудигер, Агата Васовска и Лукаш Галушек во соработка со кустосите Марика Бочварова-Плавевска и Благоја Варошанец од МСУ направија финална селекција на делата за изложбата“, велат од МСУ.

    Ќе бидат претставени 76 уметнички дела, цртежи, графики, скулптури, слики, плакети и архивски материјал. Во склоп на оваа изложба во соработка со Архитектонскиот факултет при УКИМ и Музејот на Град Скопје ќе бидат изложени уште пет макети: радски архив на Скопје, Телекомуникациски центар Скопје, Универзитетски кампус „Св.Кирил и Методиј“, МСУ и Националната опера и балет.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари