НА ЗДРАВЈЕ КАЈМАКОТ – СИЛЕН АПЛАУЗ НА ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    НА ЗДРАВЈЕ КАЈМАКОТ –  СИЛЕН АПЛАУЗ НА ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Режисерот Манчевски со актерите: Симона Спировска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Сара Климоска и Филип Трајковиќ. (Фото: К. Попов)

    „Наздравје кајмакот“, рече екипата на новиот, седми филм на режисерот Милчо Манчевски на синоќешната премиера на „Кајмак“ во Филхармонијата.

    „Се разбира, тука се сите симболики кои произлегуваат од зборот кајмак, како кремот, како најубавото, и како прашање што е всушност најубаво и за што вреди да се живее“, кажа Манчевски на почетокот на снимањето на филмот.

    Актерките Ана Стојановска и Симона Спировска со манекенката Катарина Ивановска. (Фото: К. Попов)

    Актери, филмаџии, политичари го исполнија салонот на Филхармонијата и на крајот со силен аплауз ја поздравија екипата на филмот, која го најавува како црна комедија или среќна трагедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието на малограѓанштината.

    Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска. (Фото: К. Попов)

    „Комшијата е најважната институција во една малограѓанска средина. Но, секое добро уметничко дело те кани да го ѕирнеш светот со поинакви очи. „Кајмак“ ја кани публиката да не суди, туку да сочувствува со ликовите – а сите тие се во исто време и жртви и душмани“, рече Манчевски.

    „Кајмак“ имаше светска премиера на 26 октомври на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, а од денес ќе игра во скопските кина Синеплекс и Милениум. Веќе се закажани и проекциите во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е на 23 ноември.

     

    Ана Стојановска со мајка ѝ, глумицата Силвија Стојановска и актерот Петар Мирчевски. (Фото: К. Попов)

    „Направивме напор да го прикажеме филмот во секое кино каде што има техничка можност за тоа“, кажа продуцентот Јане Ќортошев.

     

    Живко Мукаетов со сопругата. (Фото: К. Попов)

    Снимен според сценариото на Манчевски, во филмот играат Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Меѓу гостите и Влатко Стефановски. (Фото: К. Попов)

    Катарина Ивановска и Перо Антиќ. (Фото: К. Попов)

     

    Директорката на Драмски театар во Скопје, актерката Катарина Коцевска. (Фото: К. Попов)

    Глумецот Ѓорѓи Јолевски со сопругата. (Фото: К. Попов)

     

    Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. (Фото: К. Попов)

    Поранешната министерка за култура Ирена Стефоска. (Фото: К. Попов)

     

    (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира