„НЕТФЛИКС“ ЌЕ СНИМА МИНИ ТВ-СЕРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

    „НЕТФЛИКС“ ЌЕ СНИМА МИНИ ТВ-СЕРИЈА ВО МАКЕДОНИЈАСеријата од осум епизоди е насловена „Во вечерта“, снимањето ќе почне на почетокот на октомври, а најголем дел ќе се снима на Скопскиот аеродром, а Лабина Митевска е извршен продуцент (Фото: К. Попов)

    Гигантот во телевизиската продукција „Нетфликс“ ќе снима мини ТВ-серија во Македонија, објави денес продуцентката Лабина Митевска.

    Серијата од осум епизоди е насловена „Во вечерта“, а најголем дел ќе се снима на Скопскиот аеродром. Снимањето ќе почне на почетокот на октомври, а Митевска е извршен продуцент.

    Главни продуценти се „Ентре иен е Лу“ од Белгија, раководени од еден од најуспешните европски продуценти Себастијан Делои, кој работеше на најновите проекти на Руперт Еверет и Тери Гилијам. „Ентре Шиен е Лу“ е и белгиски дистрибутер на филмот на Теона Митевска „Бог постои, името и е Петрунија“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира