НОВИОТ ФИЛМ НА ИГОР ИВАНОВ-ИЗИ „БЕЛИОТ“ ДОБИ НАД 715.000 ЕВРА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, ДУПЛО ПОВЕЌЕ ОД „БИСТА“ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

    НОВИОТ ФИЛМ НА ИГОР ИВАНОВ-ИЗИ „БЕЛИОТ“ ДОБИ НАД 715.000 ЕВРА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, ДУПЛО ПОВЕЌЕ ОД „БИСТА“ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИФилмот на Иванов е по негово и сценарио на Билјана Црвенковска, а во продукција на „Лист продукција“. (Фото: СДК.МК)

    Филмот „Белиот“ на Игор Иванов-Изи, доби 44 милиони денари или над 715.400 евра од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2022 во втор рок на одлучување, објави Агенцијата. Иванов, актуелен претседател на Друштвото на филмските работници (ДФРМ), за својот четврти долгометражен игран филм доби дупло повеќе пари од новиот проект на Милчо Манчевски „Биста“, поддржан со 28 милиони денари или над 455.200 евра, а во продукција на „Банана филм“. Филмот на Иванов е по негово и сценарио на Билјана Црвенковска, а во продукција на „Лист продукција“.

    Последниот филм на Иванов „Хомо“ имаше светска премиера во јануари 2021 на фестивалот во Гоа, Индија. Седмиот филм на Манчевски „Кајмак“ имаше светска премиера на фестивалот од А-категорија во Токио во октомври годинава, и е најгледан филм на годината во македонските кина, прикажан во 30 градови во земјава.

    Со по 24 милиони денари или над 390.200 евра поддржани се и „Скејтбордингот не е за девојчиња“, втор филм на Дина Дума по нејзино и сценарио на Лидија Мојсовска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“, за „Генералот и пеперутката“, четвртиот филм на на Антонио Митриќески, по сценарио на Венко Андоновски и во продукција на „Авард филм и видео“, како и „Ајал“ на Арбен Тачи во продукција на „Арбфилм“.

    Со 22 милони денари или над 357,700 евра поддржан е дебитантскиот филм на Алекс Цветков „Голиот остров“ во продукција на „Кавал филм“.

    Подржани се и 4 долгометражни играни проекти со македонски малцински удел, два документарци и три документарни дебија, вкупно 9 кратки играни и еден анимиран филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира