ОБЈАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЉУБОЈНО ВО ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ВО ЈАНУАРИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

    ОБЈАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ЉУБОЈНО ВО ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ВО ЈАНУАРИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРАНа 15 ноември 1945 во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Тендерот за избор на изведувач за реконструкција и адаптација на старото училиште во преспанското село Љубојно е во тек и во јануари ќе започнат градежните работи, најави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по денешната средба со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова. На средбата разговарале за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“ во Центар за промоција на македонскиот јазик.

    На 15 ноември 1945, во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик. Тоа е второто училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик. Објект0т сега е распаднат, разурнат, обраснат со треви и непознат за пошироката јавност.

    „Успеавме проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесеме до фаза на изведба. Обезбедивме 32,8 милиони денари во следните две години, за целосна изградба на Центарот за промоција на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.

    Во тек е последната фаза пред започнувањето на градежните работи, а тоа е тендерот за изведувач, по чие завршување, во јануари започнуваат градежните работи. Претходно, надлежната установа, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и урбанистичко-архитектонскиот проект, потоа идеен и основен проект, за кои е добиено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира