ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА АКТЕРОТ ЉУПЧО ТОДОРОВСКИ-УПА

    ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА АКТЕРОТ ЉУПЧО ТОДОРОВСКИ-УПАЉупчо Тодоровски-Упа на отворањето на Филмскиот фестивал Киненова во 2016, каде беше уметнички директор. (Фото: Киненова)

    Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес на 65 години по компликации од ковид-19, потврдуваат негови колеги за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Тодоровски-Упа беше актер и кастинг директор, еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски.

    За време на студиите играл во претстави во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, заминува за Белград, каде останал 10 години. Таму настапувал во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 година покрај актерството, се занимава со филмска и ТВ-продукција, пишување сценарија и избор на актери.

    „Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи“, се вели во неговата биографија во Кинотеката.

    Неговата последна улога е во филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски, а играше и во филмовите: „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“ и „Пред дождот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира