ОД УТРЕ ВО ПРОДАЖБА КАРТИТЕ ЗА ЈУБИЛЕЈНАТА „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД УТРЕ ВО ПРОДАЖБА КАРТИТЕ ЗА ЈУБИЛЕЈНАТА „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“

    Билетите за јубилејното 20. издание на хумористично-сатиричното шоу „Златна бубамара на популарноста“ ќе бидат пуштени во онлајн продажба утре во 12 часот, преку „МК Тикетс“, а ќе може да се купат најмногу до 4 билети. Популарната манифестација, која на музички начин ја раскажува изминатата година, ќе се одржи на 20 февруари во „Метрополис арена“.

    Претходно, кога билетите се продаваа пред Универзална сала, имаше редови и истите се продаваа за еден час, а последните години, преку онлајн продажба, тоа се случуваше за само девет минути, велат од „Радио Бубамара“

    Популарното скопско „Радио Бубамара“ денеска го објави постерот за годинашното издание на  „Златна бубамара на популарноста“.  Во изминатите години, постерите станаа дел од имиџот на манифестацијата и ова е првиот од серијата постери што се подготвуваат за јубилејното 20. издание. Годинава, со мото „Што ќе биде, нека биде!“ во Штабот на „Златна бубамара на популарноста“ одлучно стојат на ставот „Пари не ви враќаме!“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари