ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО РОМАНСКИ СОЛИСТИ И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

    ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО РОМАНСКИ СОЛИСТИ И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈАРоманската оперска пејачка Елена Мошук и директорката на Охридско лето, Сузана Вренцоска најавија отворање со најпопуларни арии (Фото: Охридско лето)

    Романските оперски пејачи, сопранот Елена Мошук и тенорот Калин Братеску, под диригенство на Николае Молдовеану (Романија) вечерва (21 часот) со Македонската филхармонија ќе го отворат 58. издание на Охридско лето во Античкиот театар.

    „Немав многу слушнато за фестивалот Охридско лето, но кога прочитав на Интернет видов дека е фестивал со огромна традиција на кој настапиле многу светски имиња“, вели Мошук.

    На свеченото отворање ќе се изведат популарни и познати арии од опери на Пучини, Гуно, Маскањи, Белини, Верди.

    „Концертот ќе го почнеме со една увертира, а потоа продолжуваме со италијански оперски дела, и со неколку француски арии од опери. Би кажал дека ќе стане збор за еден популарен репертоар којшто е познат на сите, бидејќи вакви концерти од отворен тип не се обични културни настани, туку имаат и свое политичко значење затоа што ние уметниците сме еден вид амабасадори на културата кои пробуваме на своевиден начин да помогнеме во зачувувањето на мирот“, вели Молдовеану.

    Вечерва, уметничката порака ќе ја пренесе актерот од Македонскиот народен театар, Никола Ристановски.
    Охридско лето ќе трае до 20 август, а како што вели директорката Сузана Вренцоска, ќе учествуваат над 800 уметници од 27 држави од светот.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира