ОСКАРИТЕ НА „ПАРАЗИТ“ ГО ИЗЛЕЧИЈА СТРАВОТ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО КОРЕЈА

    ОСКАРИТЕ НА „ПАРАЗИТ“ ГО ИЗЛЕЧИЈА СТРАВОТ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО КОРЕЈАЈужнокорејците експлодираа од радост откако „Паразит“ ноќеска испиша историја на Оскарите (Фото: АП)

    Јужнокорејците реагираа со редок излив на колективна радост откако „Паразит“ ноќеска триумфираше на Оскарите, испишувајќи историја како прв филм од неанглиско говорно подрачје кој бил прогласен за најдобар филм.

    Класната сатира на Бонг Џун-Хо се закити со четири оскари и донесе малку добри вести во земјата која се мачи да се заштити од новиот коронавирус.

    „Дали ви се верува дека ‘Паразит‘ доби Оскар за најдобар филм? Тој ја смени 92-годишната историја на Оскарите“, стои на насловната страница на најтиражниот корејски весник „Чосун илбо“.

    Во периодот кога земјата е преокупирана со ширењето на новиот вирус во Кина, од кој досега почнаа над 900 луѓе, „Паразит“ стана вест на денот и во медиумите и на социјалните мрежи. Во Кореја досега се регистрирани 27 заразени со коронавирусот, но нема смртни случаи, додека туристички агенции, киносали, театри и ресторани бележат значителен пад во заработката. Опозициските партии ја напаѓаат владата дека е неефективна во справувањето со вирусот.

    Сето ова падна во втор план по големиот успех на „Паразит“.

    „Ова се среќни вести за Кореја, која е во депресија, стагнира и е во очај поради вирусот што се појави во Кина“, соопшти опозициската Либерална партија.

    Триумфот на Оскарите го поздрави и претседателот Мун Џае-Ин, која кажа дека тоа донесло радост и гордост во земјата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира