ОСКАРОВЕЦОТ „ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА“ НА ХАМАГУЧИ ВЕЧЕРВА НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

    ОСКАРОВЕЦОТ „ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА“ НА ХАМАГУЧИ ВЕЧЕРВА НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛЈубилејното 25. издание на Скопје филм фестивал се отвори со изложбата на плакати од изминативе 25 години. (Фото: СФФ)

    Вечерва, со оскаровецот „Вози ја мојата кола“ на Рјусуке Хамагучи, според кратката приказна на Харуки Мураками од збирката „Мажи без жени“, во Кинотеката продолжува 25. Скопски филмски фестивал, кој се отвори синоќа со канскиот победник „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд. Утре играат „Корсет“ на Мари Кројц и „Римини“ на Улрих Зајдл.

    Во кафе-киното „Котур“, вечерва од 19 часот во рамки на програмата Кинемода ќе игра документарецот „Мартин Марџела. Со свои зборови“, портрет на славниот дизајнер кого модниот свет го смета за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години. По проекцијата ќе се одржи и разговор на Кристина Глигоровска, модна теоретичарка и главна уредничка на познатото модно списание „Веар“ (WeAr) со гостинката Александра Оленска, модна стилистка и креативна консултантка за модни брендови како „Том Форд“ и „Селин“.

    „Триаголник на тагата“ ќе има уште една проекција на 15 септември во 22 часот.

    Јубилејното 25. издание на Скопје филм фестивал се отвори со изложбата на плакати од изминативе 25 години, чиишто автори беа истакнати македонски уметници како Ване Костуранов (2013), Зоран Кардула (2020), Ѓорѓи Деспотов (2018), Таби Азири (2014, 2016), Мери Бакалова (2015), Бојан Кртолица (2012), Димитар Апостолов (2011), Јана Мишева (2009), Филип Кондовски (1999).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира