ОСКАРОВКАТА КЕЈТ БЛАНШЕТ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ОСКАРОВКАТА КЕЈТ БЛАНШЕТ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛАвстралиската актерка и продуцентка е голема активиста во заштита на животната средина и почитувања на правата на жените во филмската индустрија. (Фото: Венециско биенале)

    Двојната оскаровка Кејт Бланшет ќе биде претседателка на меѓународното жири на 77. Венециски филмски фестивал, кој ќе се одржи од 2 до 20 септември. Одлуката ја донесе Одборот на директори на Венециското биенале на чело со Паоло Барата, по препораката на директорот на Фестивалот Алберто Барбера.

    „Секоја година со нетрпение ја очекувам селекцијата за Венеција и секоја година е поразлична и изненадува. Венецискиот фестивал е еден од филмските фестивали во светот со најголема атмосфера, прослава на провокативниот и инспиративен медиум каков што е филмот во сите негови форми. За мене е привилегија и задоволство да бидам претседателка на годинашното жири“, изјави австралиската актерка и продуцентка.

    Барбера рече дека „Бланшет не е само икона на современиот филм, која соработувала со најголемиот режисери во изминативе 20 години и обожувана од филмофилите. Нејзината посветеност во уметничките и хуманитарни полиња, во заштита на животната средина, како и залагањето за почитувања на правата на жените во филмската индустрија, ја направија да биде инпирација за општеството“.

    Бланшет во 2018 беше претседателка на жирито во Кан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира