ПЕПИ МИРЧЕВСКИ СО МОНИКА БЕЛУЧИ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ ВО ВЕНЕЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕПИ МИРЧЕВСКИ СО МОНИКА БЕЛУЧИ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ ВО ВЕНЕЦИЈА

    Македонските актерски доајени Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ играат заедно со италијанската ѕвезда Моника Белучи во „На млечниот пат“, новиот филм на босанскиот автор Емир Кустурица чија светска премиера ќе биде на годинешиот филмски фестивал во Венеција на крајот на август. Најстариот фестивал на светот денеска ја објави официјалната селекција за 73. издание, а филмот на Кустурица е меѓу 20-те кандидати за престижниот Златен лав.

    Популарниот битолски актер Пепи Мирчески денеска беше пријатно изненаден кога ја разбра веста за премиерата во Венеција и се присети дека од долгото снимање има спомен – фотографија со Моника Белучи.

    Тој во филмот игра улога на Србин, кој во ци­вил­ни­от живот бил поп, а за време на војната при распаѓањето на екс Југославија е готвач. Мирчевски вели дека и покрај долготрајното снимање е задоволен што имал можност да игра во филм на Кустурица, особено покрај актери како Белучи, Мики Манојловиќ, Сергеј Трифуновиќ, Небојша Глоговац.

    Ратка Рад­ма­но­виќ во филмот на Кустурица игра свекрва на Белучи. Таа е пензионирана актерка во Народниот театар во Битола,  позната по уло­ги­те во филмовите “Сенки” и “Мајки” на Милчо Манчевски, во “Панкот не е мртов” на Вла­ди­мир Блажевски, и во “Трето полувреме” на Дарко Митревски,

    Самиот Кустурица во својот филм ја игра главната машка улога на монах, а Белучи е главната женска улога.

    Филмот е за распаѓањето на Југославија, а Кустурица пред неколку месеци изјави дека тоа е неговиот политички тестамент.

    Снимањето траеше рекордни 50 недели со над 5.000 статисти, а последната клапа падна во март годинава. Иако во српските медиуми се најавуваше дека светската премиера ќе биде на Канскиот фестивал изминатиов мај, сепак Кустурица не успеа да го заврши навреме.

    „На млечниот пат“ на Кустурица, кој е српско-мексиканско-американска копродукција, е единствениот филм од Балканот кој влезе во официјалната селекција во Венеција.

    Венецискиот фестивал отвара на 31 август со „Ла ла ленд“ на американскиот режисер Дамиен Чазеле, а затвора на 10 септември со „Седуммината величествени“ на Антоан Фукуа. Во конкуренцијата за Златен лав се и најновите филмови на Теренс Малик, Вим Вендерс, Лав Дијаз, Андреј Кончаловски, Пабло Лараин, Франсоа Озон, Денис Вилнев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира