Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби Гран-при наградата Златна мимоза за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора.
Наградата ја додели петтчленото жири , составено од Дуња Клеменц, продуцентка од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, македонскиот актер Никола Ристановски, Јелена Мишељич, продуценка д Црна Гора и режисерот Никола Ључа.
Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ велат дека филмот во Црна Гора го претставиле тројцата актери: Стефан Вујисиќ, Суад Беговски-Суки и Илија Волчески. Наградата ја примил Вујисиќ од режисерката Марија Петровиќ, претседателката на одборот на фестивалот.
Во текот на август, „Петрунија“ ќе се прикаже на седум фестивали низ светот, меѓу кои на Венецискиот филмски фестивал во селекцијата Денови на авторите, каде влезе како дел од трите финалисти за награда Лукс што ја доделува Европскиот парламент.