ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ МИЛАНСКА СКАЛА ПОЧНА СО КОНЦЕРТИ, ПУБЛИКАТА СЕДИ НА БАЛКОНИТЕ

    ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ МИЛАНСКА СКАЛА ПОЧНА СО КОНЦЕРТИ, ПУБЛИКАТА СЕДИ НА БАЛКОНИТЕСедиштата од салонот се извадени, и таму со заштитини маски седеа членовите на оркестарот. (Фото: АП)

    Миланска Скала од синоќа повторно е отворена за настани и публика, откако седум месеци беше затворена поради ковид пандемијата. Седиштата од салонот се извадени, и таму со заштитини маски седеа членовите на оркестарот. На концертот на Хорот со дела од Верди и Вагнер диригираше музичкиот директор Рикадо Чаили. Публиката беше во ограничен број, само 500, и тие седеа на балконите од Скала.

    Концертот помина во знакот на дебито на 34-годишната сопранистка Лисе Давидсен од Норвешка, која на крајот доби петминутни овации.

    „Ова е симбол на рестартирање не само за Скала, туку и за цела Италија“, вели уметничкиот директор Доминик Мејер.

    Веќе за денес е најавено гостувањe на Виенската филхармонија со диригентот Рикардо Мути.

    Италија ги затвори театрите и концертните сали лани во октомври. Откако почнаа да се намалуваат бројките на новозаболени и починати од ковид-19, со ограничувања на 26 април се отворија кафулињата, рестораните, кината и театарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира