ПОЧИНА АКТЕРОТ ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ ДИМЧЕ МЕШКОВСКИМешковски во претставата „Фани мани“.

    По долго боледување, вчера во неговиот дом во Лос Анџелес, САД, на 77 години почина актерот Димче Мешковски, доајен на македонското глумиште, соопшти Драмски театар, каде беше вработен од 1967 до пензионирањето во 2002 година. Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар Скопје на 28 март во 12 часот.

    Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус се извдојуваат ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „ЈанеЗадрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „ДивоМесо“…).

    Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите вопретставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“,„Маратонците го трчаат почесниот круг“.

    За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на наградата за животно дело што ја доделува театарскиот фестивал.

    Бесценет е, велат од Драмски,  ангажманот од неколку стотици ролји во радиодрами, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца :„Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиштеза кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевскиконгрес“, „Прличев“.

    Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат.
    Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност натхсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други. Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира