ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗЃоргиев беше дел од Македонскиот народен театар повеќе од 30 години (Фото: Фејсбук)

    На 56-годишна возраст почина актерот и режисер Трајче Ѓоргиев, кој беше и основач на меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар ПАНФИЗ.

    Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991. Беше дел од Македонскиот народен театар повеќе од 30 години, дебитирајќи со улогата на Акаст во „Мизантроп“ во 1989. Подоцна се стекна со титулата магистер по пантомима на Академијата за театар и филм НАТФИЗ во Софија.

    Ѓоргиев цели 16 години беше главниот двигател на ПАНФИЗ, фестивалот на пантомима и физички театар, преку кој се одржуваше овој жанр во театарската уметност во Македонија.

    Тој ќе остане нашиот Густав во ‘Надвор од умот‘, Пандар во ‘Троил и Кресида‘, Ивковиќ во ‘Народен пратеник‘, Чинели во ‘Јануари‘, Спасе во ‘МКС‘, Етјен во ‘Кројач за дами‘, Сапорта Робесвјер во ‘Мисија‘, Благоја Ќелавиот во ‘Немушт јазик‘, Виргински во ‘Демони‘, Силјан во ‘Писание‘, Доктор Финаш во ‘Болва в уво‘, Тетин Јаков во ‘Госпоѓа министерка‘, Бу змијата во ‘Самовилско јајце‘, Комесарот во ‘Подемот и падот на кабарето‘, Фридрих Ниче во ‘Аферата Елсињор‘, Лиходеев во ‘Мајсторот и Маргарита‘, Јанушек во ‘Прекината одисеја‘, Бил Остин во ‘МАММА МIА!‘ и Докторот во ‘Бесачи‘“, објави МНТ.

    Ѓоргиев и режираше бројни претстави во Македонија, Србија и Словенија и оствари улоги во ТВ-серии и филмови како „Бумбари“, „Еурека“ „Прекалени“ „Во светот на бајките“, „Македонски народни приказни“, „Големата вода“, „Тврдокорни“, „Инсајдер“ и други.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира