ПОЧИНА БИТОЛСКАТА АКТЕРКА ЈУЛИЈАНА СТЕФАНОВА

    ПОЧИНА БИТОЛСКАТА АКТЕРКА ЈУЛИЈАНА СТЕФАНОВАЈулијана Стефанова целиот работен век му го посвети на Народниот тетар-Битола. (Фото: СДК.МК)

    На 61-годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова, која целиот работен век му го посвети на Народниот тетар-Битола. Зад себе остави море одиграни претстави и плејада театарски ликови, меѓу кои и меѓу кои „Аудиција“, „Аждер“, „Малограѓанска свадба“.

    „Дивата, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар“, соопшти Битолски театар по веста за смртта на Стефанова.

    Публиката ја памети како брилијантна актерка која беше родена за на сцена, целосно предадена на улогите со кои настапуваше, со извонреден смисол за хумор до тој степен што само што ќе се појавеше на сцена и ќе проговореше низ театарската сала се слушаше смеа.

    Нејзините колеги се збогуваат од Јулијана на социјалните мрежи, која беше голема актерка и пријателка. Често беше вклучена во проекти со кои кај младите се поттикуваше љубовта кон театарот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира