ПОЧИНА ДАР-МАР, ПОГРЕБОТ В ПОНЕДЕЛНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧИНА ДАР-МАР, ПОГРЕБОТ В ПОНЕДЕЛНИК

    По тешко и долго боледување, синоќа почина Дарко Марковиќ Дар-Мар, легендарниот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Автор е на стрипот со популарниот јунак Пецко што излегува повеќе од 30 години. Имаше 76 години.

    Дар-Мар ќе биде погребан в понеделник на градските гробишта Бутел во Скопје.

    Пред два месеци, на Дар-Мар му беше доделена наградата „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија за 2016 година, на одбележувањето на 40-годишнината од постоењето на македонската Кинотека.

    Дар-Мар Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ. Професионалната кариера како карикатирист ја започнал 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје.

    Со филм активно се занимава од 1975, кога се вработува во „Вардар филм“, отворајќи го студиото за анимиран филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983 е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија. За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија.

    Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), „Каша“ (1977), „Циркус“ (1979).

    Пред два месеци, на Дар-Мар му беше доделена наградата „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија за 2016 година, на одбележувањето на 40-годишнината од постоењето на македонската Кинотека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари