Легендарниот француски актер Мишел Пиколи, кој оствари низа забележителни улоги во филмовите на Луис Буњуел, Жан-Лик Годар и Луј Мал, почина на 94 години, објави неговото семејство, не кажувајќи ја причината за смртта.
Ветеран на европската кинематографија, Пиколи ја почнал кариерата во 1940-ите, а последниот филм го сними во 2014. Соработката со Буњуел ја почнал во 1957 година и потоа глумеше во уште шест негови филмови. Во големите ѕвезди на францускиот филм го лансираше „Презир“ (1963) на Годар, каде што партнерка му беше Брижит Бардо, статус што го задржа и во наредните децении.
Во кариерата оствари повеќе од 230 филмски и телевизиски улоги и беше прогласен за најдобар актер на филмските фестивали во Кан и Берлин.