ПОЧИНА МИКИС ТЕОДОРАКИС, СЛАВНИОТ ГРЧКИ КОМПОЗИТОР КОЈ ЈАВНО ГИ ИЗРАЗУВАШЕ СВОИТЕ АНТИМАКЕДОНСКИ СТАВОВИ

    ПОЧИНА МИКИС ТЕОДОРАКИС, СЛАВНИОТ ГРЧКИ КОМПОЗИТОР КОЈ ЈАВНО ГИ ИЗРАЗУВАШЕ СВОИТЕ АНТИМАКЕДОНСКИ СТАВОВИВо 2018, Теодоракис одржа контроверзен говор на масовниот протест против Преспанскиот договор во Атина (Фото: Катимерини)

    Славниот грчки композитор Микис Теодоракис, кој отворено се спротивставуваше на грчката хунта и ги изразуваше своите антимакедонски ставови, почина во Атина на 96 години, откако со години се бореше со здравствени проблеми.

    Теодоракис ја почнал музичката кариера на 17 години и потоа создаде исклучително богат и широк опус, што се протега од мрачни симфонии до популарни филмски и телевизиски теми, како за „Гркот Зорба“ и „Серпико“. Ја компонираше и музиката за церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Барселона во 1992.

    Тој се здоби со голема почит и со тврдоглавото противење на поствоените режими во Грција, кои го прогонуваа и му ја забрануваа музиката. Во најголем дел од 1980-ите беше пратеник од редовите на Грчката комунистичка партија, за потоа да стане министер во конзервативната влада на Константин Мицотакис.

    Еден од неговите последни јавни политички настапи беше говорот на масовниот протест против Преспанскиот договор во 2018 во Атина.

    „Ако се предадеме, широко ја отвораме вратата за поминување на трагична историска лага и за нејзино вечно останување. Постои само една Македонија. Таа е, беше и секогаш ќе биде грчка“, кажа тогаш Теодоракис.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира