ПОЧИНА ОСКАРОВКАТА ЛУИЗ ФЛЕЧЕР, ЅВЕЗДАТА НА „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“

    ПОЧИНА ОСКАРОВКАТА ЛУИЗ ФЛЕЧЕР, ЅВЕЗДАТА НА „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“Флечер беше практички непозната во Холивуд до култниот филм на Милош Форман од 1975 (Фото: Шатерсток)

    Луиз Флечер, американската актерка која се прослави со улогата на медицинската сестра Рачед во „Лет над кукавичјото гнездо“, почина на 88 години во својот дом во Франција.

    Флечер го имаше професионалното деби во 1958, но беше практички непозната во Холивуд до култниот филм на Милош Форман од 1975, кога веќе беше во свои 40-ти години. Таа претходно имаше земено 11-годишна пауза од филмовите со цел да ги одгледува своите две деца.

    Флечер постави нови стандарди за филмски негативци со својата маестрална изведба на сестрата Рачед наспроти Џек Николсон во „Лет над кукавичјото гнездо“. Оваа улога ѝ донесе Оскар за најдобра главна женска улога, како и Златен глобус и БАФТА. Ќерка на глуви родители, Флечер стана првата личност во историјата на Оскарите која се обрати на знаковен јазик.

    Пред „Лет над кукавичјото гнездо“ Флечер често била одбивана на аудициите поради својата височина, а потоа редовно снимаше филмови и серии, што ѝ донесе и две номинации за Еми. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира