ПОЧИНА СРПСКИОТ СЦЕНАРИСТ ГОРДАН МИХИЌ, АВТОР НА „СРЕЌНА НОВА ’49“ И „ДОМ ЗА БЕСЕЊЕ“

    ПОЧИНА СРПСКИОТ СЦЕНАРИСТ ГОРДАН МИХИЌ, АВТОР НА „СРЕЌНА НОВА ’49“ И „ДОМ ЗА БЕСЕЊЕ“Негови се сценаријата за некои од најпознатите филмови и серии на југословенската кинематографија, како: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Туѓа Америка“, „Лажливо лето’68“, „Камионџии“, „Сивиот дом“

    Легендарниот српски сценарист, драмски писател и режисер Гордан Михиќ почина на 80 години во неделата наутро после кратко боледување, соопшти неговото семејство.

    Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предавал филмско сценарио.
    Автор е на култни дела како: „Среќна Нова ’49“, „Црна мачка, бел мачор“, „Дом за бесење“, според кои филмови снимија македонскиот режисер Столе Попов и српскиот режисер Емир Кустурица. За „Среќна Нова ‘ 49“ во 1986 ја доби Златната арена за најдобро сценарио на филмскиот фестивал во Пула.

    Негови се сценаријата за некои од најпознатите филмови и серии на југословенската кинематографија, како: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Туѓа Америка“, „Лажливо лето ’68“, „Камионџии“, „Сивиот дом, “„Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“,„Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“, „Отворена врата“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари