Цветанка Зојчевска, една од најпроминентните македонски театарски критичарки и новинарки од културата, почина вчера во Скопје, потврди семејството за САКАМДАКАЖАМ.МК. Имаше 76 години. Ќе биде погребана утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Родена во Прилеп, Зојчевска е дипломец на Филозофскиот факултет во Скопје, а долгогодишната новинарска кариера ја почна во весникот „Вечер“. Од 2000 година беше уредничка на културната рубрика во весникот „Вест“ каде и се пензионира.
Во богатиот критичарски опус има напишано над 700 театарски критики. Авторка е на двотомната книга интервјуа „Идентитетот не е нејасна магла“.