И СО ПОМАЛКУ ПАРИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО ЌЕ ДОНЕСЕМЕ ВРВНИ УМЕТНИЦИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ВРЕНЦОСКА

    И СО ПОМАЛКУ ПАРИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО ЌЕ ДОНЕСЕМЕ ВРВНИ УМЕТНИЦИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА ВРЕНЦОСКАНавистина добивме помалку средства од бараните, но тоа ќе го надоместиме на друг начин, вели директорката на Охридско лето Сузана Вренцоска (Фото: СДК.МК)

    Годинава Охридско лето доби 23 милиони денари од Министерството за култура, за разлика од лани кога доби 30,5 милиони денари, а директорката на фестивалот Сузана Вренцоска вели дека ќе донесат врвни уметници и со помалку пари од тие што ги барале.

    „Иако програмата на годинешново  Охридско лето се подготвува, најавуваме  дека на охридските сцени летово ќе имаме прилика да видиме уметници од музичкиот и драмскиот свет кои се во самиот врв во светот. Нивните имиња ќе бидат соопштени кога ќе дојде време за тоа, но знаеме дека тие се врв во уметноста”, вели Вренцоска.

    И покрај поголемиот буџет, ланското издание на Охридско лето се смета за едно од најбледите.

    „Навистина добивме помалку средства од бараните, но тоа ќе го надоместиме на друг начин. Ние обезбедуваме и сопствени средства од продажба на билети, но и преку спонзорство. Можам да ви кажам дека кај спонзорите постои подготвеност финансиски да нѐ поддржат,со цел на фестивалот летово да видиме врвни музички и драмски имиња од земјава и од странство”, вели Вренцоска.

    .

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари