ПОНИШТЕН КОНКУРСОТ ЗА МКЦ, РУСЕ АРСОВ ОСТАНУВА В. Д. ДИРЕКТОР

    ПОНИШТЕН КОНКУРСОТ ЗА МКЦ, РУСЕ АРСОВ ОСТАНУВА В. Д. ДИРЕКТОРНа сега веќе поништениот конкурс, пријавени беа пејачот Бени Шаќири и сегашниот в. д. директор Русе Арсов.(Фото: СДК.МК)

    Град Скопје го поништи конкурсот за избор на директор на Младинскиот културен центар (МКЦ). На конкурсот беа пријавени пејачот Бени Шаќири и сегашниот в. д. директор Русе Арсов.

    „Конкурсот е поништен и сегашниот в. д. директор Русе Арсов останува да ја врши функцијата“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

    Околу изборот на директор на МКЦ за што беше објавен конкурс во февруари реагираа независни уметници и културни уметници, барајќи дури и од премиерот Зоран Заев да спречи Бени Шаќири да застане на чело на оваа културна институција која е под надлежност на Град Скопје.  Оттогаш почна и кампањата на социјалните мрежи под наслов #НеГоЧепкајтеМКЦ.

    По реакцијата во јавноста изборот се оддолжи, а сега конкуростот е целосно поништен. Кога ќе биде распишан нов градоначалникот Шилегов не кажа.

    Продуцентот Арсов беше назначен за в. д. директор на МКЦ во март лани, откако директорот Златко Стевковски си даде оставка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира