ПОВТОРНО ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИ МУЗЕЈОТ НА НАРОДНАТА БАНКА, ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

    ПОВТОРНО ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИ МУЗЕЈОТ НА НАРОДНАТА БАНКА, ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕННа простор од 240 квадратни метри се изложени околу 1.000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини. (Фото: Музеј на Народна банка)

    Околу илјада монети од различни историски епохи се изложени во Музејот на Народната банка, кој повторно е отворен за јавноста. Влезот е бесплатен. Музејот е отворен од 9 до 15 часот, а достапни се и групни посети со закажување однапред, велат оттаму.

    Со околу 23 илјади монети од различни историски епохи, започнувајќи од почетокот на 5. век пр. н. е. до денес, и со тоа, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државата.

    На простор од 240 квадратни метри се изложени околу 1.000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини.

    „При осмислувањето на постојаната музејска поставка, акцентот e ставен на развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата коишто оставиле свој белег во историјата на државата. Општествените и културните збиднувања, коишто се одразиле врз иконографијата и дизајнот на парите, исто така имаат свое место во Музејот. Следејќи ги светските трендови поврзани со улогата на централните банки во грижата за сопственото културно наследство, Народната банка во 1999 година започна со откуп на стари и ретки пари од нашите почва преку кој ја изгради денешната единствена збирка. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, Народната банка денес е еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство“, велат од Музејот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира