ПРАВОПИСОТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД ДЕНЕС БЕСПЛАТНО НА ИНТЕРНЕТ

    ПРАВОПИСОТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД ДЕНЕС БЕСПЛАТНО НА ИНТЕРНЕТОва е последното, второ проширено издание на Правописот од март 2017, а достапно е на ПРАВОПИС.МК

    Електронската верзија на Правописот на македонски јазик од денеска е бесплатно достапна за симнување и за пребарување на Интернет на адресата www.pravopis.mk .

    Ова е последното, второ проширено издание на Правописот, од март 2017.

    На оваа веб-страница, ќе може бесплатно да се најдат правописните правила, односно правописот на самогласките и согласките, употребата на голема буква, слеано и разделено пишување на зборовите, делење на зборови, интерпункциски знаци и правописни знаци, како и скратеници и транскрипции.

    Последните изданија на Правописот на македонскиот литературен јазик беа објавени во декември 2015 и март 2017, со што се осовремени неговата последна верзија направена речиси две децении претходно, почитувајќи ги претходните изданија на неговите први составувачи, Блаже Конески и Крум Тошев  во 1945, како и подоцнежните кои следуваа: Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев и Радмила Угринова-Скаловска.

    Во издавањето на последното издание на Правописот учествуваа Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа “Култура“.

    Второто издание претставува колективен труд, во чија работа учествуваа вкупно 48 автори, специјалисти во своите области водени од редакцијата во состав: д-р Живко Цветковски (претседател), д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Симона Груевска-Маџоска, д-р Елка Јачева-Улчар и д-р Симон Саздов.

    Веб-страницата е во сопственост на издавачот на електронското издание на Правописот на македонски јазик, Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.

    Електронската верзија е резултат на иницијатива на Владата, Министерството за култура, издавачката куќа „Култура“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Редакцијата на второто проширено издание на Правописот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира