ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД ОДЛОЖЕНА ЗА АПРИЛ 2021

    ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ ЗА ЏЕЈМС БОНД ОДЛОЖЕНА ЗА АПРИЛ 2021Даниел Крег и Ана де Армас во сцена од „Не е време за умирање“. (Фото: Униврзал)

    Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд повторно е одложена. „Не е време за умирање“, во режија на Американецот Кери Фукунага, во кој Даниел Крег по петти и последен пат ќе го игра британскиот таен агент 007, поради коронакризата веќе беше преместен од април за 11 ноември.

    Според продуцијата, новиот датум за премиера е 2 април 2021, „со цел да биде виден од што е можно поширока филмска публика“.

    „Знаеме дека одложувањето ќе ги разочара нашите обожаватели, но се радуваме дека ќе може да го споделиме ‘Не е време за умирање’ со вас следната година“, велат продуцентите.

    Претходниот Бонд филм, „Спектра“, заработи речиси 900 милиони долари низ светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира