ПРИКАЗНИ ЗА СЕКСОТ И СМРТТА ДЕНЕСКА НА ФЕСТИВАЛОТ КИНЕНОВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИКАЗНИ ЗА СЕКСОТ И СМРТТА ДЕНЕСКА НА ФЕСТИВАЛОТ КИНЕНОВА

    Филмскиот фестивал Киненова чие прво издание е во тек во Скопје, денеска продолжува со три филма во конкуренција за наградите, во која се дебија или втори филмови на авторите.

    Во Кино Култура од 18 часот е „Фаќање“, дебито на Мика Маги од САД, драма за тинејџерска бременост и загуба. Во 20 часот следи „Бафало“, дебито на реномираниот ирански кинематографер Кавех Сајад Хосеини, крими роуд муви за бегалска двојка, а дел од екипата на филмот ќе биде во Скопје за разговор со публиката. „Џонатан“ деби на Пјотр Левандовски од Германија, приказна за сексот, смртта и семејните тајни е во 22 часот.

    Главната селекција ја оценува меѓународното жири на чие чело е еден од најреномираните европски сценаристи Разван Радулеску, а меѓу членовите се и актерските ѕвезди Мира Фурлан и Мето Јовановски. Селектор на главната програма е филмската критичарка Марина Костова, а директор на фестивалот е режисерот Небојша Јовановиќ.

    Во паралелната програма што оди во Кинотеката, денеска е посветата на еден од најзначајните нови романски режисери Корнелиу Порумбоју, а ќе играат неговиот прв филм „12:08 источно од Букурешт“ (од 17 часот)и „Богатство“ (од 20 часот).

    Од другите програми во Кинотката од 14 часот е селекцијата на кратки филмови, а во 22 часот е „Татковина“ на српскиот автор Олег Новковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира