„РИЈЕКА ИЛИ СМРТ!“ НА БЕЗИНОВИЌ ЈА ДОБИ НОВАТА НАГРАДА ГРАН ПРИ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ НА ФИПРЕСЦИ

    „РИЈЕКА ИЛИ СМРТ!“ НА БЕЗИНОВИЌ ЈА ДОБИ НОВАТА НАГРАДА ГРАН ПРИ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ НА ФИПРЕСЦИОва признание му оддава почит на најдобриот документарен филм од изминатата година, избран преку гласање од  членовите на ФИПРЕСЦИ од над 80 земји од целиот свет. (Фото: СДК.МК)

    „Ријека или смрт!“ („Fiume o morte!“) од хрватскиот автор Игор Безиновиќ е првиот добитник на новата меѓународна награда Гран при за најдобар документарец на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ. Наградата му беше врачена на авторот на  вчерашното отворањето на 23. Издание на фестивалот „Милениумски документарци против гравитацијата (МДАГ)“ (Millennium Docs Against Gravity) во Варшава, Полска.

    Ова признание му оддава почит на најдобриот документарен филм од изминатата година, избран преку гласање од  членовите на ФИПРЕСЦИ од над 80 земји од целиот свет. МДАГ,  вториот најголем фестивал на документарен филм во Европа, ќе биде домаќин на наградата која ќе се доделува секоја година на отворањето.

    На ова издание на МДАГ за првпат има и на тричлено жири на ФИПРЕСЦИ, кое ќе ја додели својата награда на филм во главната конкуренција. Во жирито е и македонскиот филмски критичар Игор Анѓелков.

    За „Ријека или смрт!“, сто години по необичната окупација на Ријека во 1919 од италијанскиот фашист Габриеле Д’Анунцио, режисерот Безиновиќ, роден во Ријека, се здружува со 300 жители за да создаде субверзивна реконструкција во панк стил, која ги разбива националистичките митови и го разоткрива спектаклот на политичката перформативност. Филмот годинава ја Европската филмска награда за најдобар европски документарец, а лани на фестивалот во Ротердам ја освои и наградата „Тигар“ во главната конкуренција и наградата на жирито на ФИПРЕСЦИ.

    За Гран при за најдобар документарец номинирани  беа и „2000 метри до Андриивка“, на Мстислав Чернов, „Господин Никој против Путин“, на Дејвид Боренштајн и Павел Таланки, „Орвел: 2+2=5“, на Раул Пек и „Совршениот сосед“, на Гита Гандбир.

    23-то издание на МДАГ се одржува од 8 до 17 мај во кината во седум градови (Варшава, Вроцлав, Гдиња, Познањ, Катовице, Лоѓ и Бидгошч), како и онлајн од 19 мај до 1 јуни. МДАГ е на листата на фестивали кои се квалификуваат за наградите Оскар во категоријата за најдобар документарен филм, а препорачува филмови и за Европските филмски награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира